Баерн Минхен во наредната сезона ќе игра со специјален дрес (ФОТО)

Во следната година Баерн Минхен ќе го прослави својот 125. роденден, па затоа од „Адидас“ подготвуваат специјален дрес за германскиот гигант,

Германските медиуми пренесуваат дека имало неколку идеи, а веќе се појавија и фотографии од дизајнот кој најверојатно е избран.

Најавите се дека Баерн Минхен наредната сезона ќе има дрес со неговото старо лого, но и старото лого на „Адидас“. Фотографиите од дресот на баварците ги објави специјализираниот сајт за дресови „FootyHeadlines“ кој најчесто прв ги има новите дизајните на европските клубови.