Англиските хулигани направија хаос во Севилја (ВИДЕО)

Вечерва во 20.45 часот во рамки на Лигата на нации играат Шпанија и Англија во Севилја, а од таму пристигнуваат снимки од дивеењето на англиските навивачи во Шпанија.

Навивачите на гостинската екипа веднаш штом пристигнаа во Севилја направија хаос во неколку локали и голема штета поради што морала и полицијата да интервенира.

Во Шпанија пристигнаа околу 3.000 навивачи од Англија кои вечерва ќе бидат на „Рамос Санчез Писхуан“ и ќе дадат поддршка на својата репрезентација.