Англија и без Белингем против Македонија
Ѕвездата на Борусија Дортмунд ќе го пропушти натпреварот против македонската репрезентација, кој е закажан за 19 јуни, затоа што мора да оди на операција поради проблеми со коленото.
Белингам пред неколку дена ја доби наградата за најдобар фудбалер во Бундеслигата за сезоната 2022/23, па без сомнеж Англија ќе биде ослабен во дуелот со Македонија, иако има уште многу квалитетни фудбалери во составот.
Англија најпрво ѝ гостува на Малта на 16 јуни, а три дена подоцна ја пречекува Македонија.