Албанците се убедливо најголеми аутсајдери во пресрет на ЕП 2024!

На неполни три месеци до почетокот на ЕП 2024 во Германија, обложувачите веќе ги анализираат шансите на учесниците во континенталниот собир.

Според досегашните проценки, главен фаворит за европската круна е селекцијата на Англија со коефициент четири. Зад островјаните е Франција со коефициент 4,5, додека Германија е трета на листата со коефициент седум.

Од селекциите од регионот најголеми шанси за успех ѝ се даваат на Хрватска, која со коефициент 41 е десетта на листата фаворити. Четири места подолу е Србија, за која квотата од 67. За убедливо најголем аутсајдер се смета репрезентацијата на Албанија, за која квотата за евентуална сензација е 201.

КОЕФИЦИЕНТИ ЗА ТРИУМФ НА ЕП: Англија 4, Франција 4,5, Германија 7, Шпанија 8, Португалија 9, Италија 15, Белгија 15, Холандија 17, Данска 26, Хрватска 41, Швајцарија 41, Турција 51, Австрија 67, Србија 67, Шкотска 81, Унгарија 81, Украина 81, Полска 81, Чешка 101, Романија 151, Словачка 151, Словенија 151, Грузија 151, Албанија 201.