
Жоао Кансело во Баерн не го добива тоа за кое си отиде од Манчестер Сити
Кансело од Манчестер Сити си замина затоа што Пеп Гвардиола почна да го става на клупата. Тренерот на Сити јавно кажа дека Португалецот е фудбалер кој сака да игра на секој натпревар и поради тоа бил нарушен нивниот однос.
Но, слично почнува да му се случува и во Баерн Минхен. Кансело синоќа остана на клупата во текот на целиот меч против Штутгарт, а претходно против Унион Берлин играше само 12 минути.
„Жоао добро се справува со ситуацијата. Немам импресија дека е незадоволен. Станишиќ е малку подефанзивен, и тоа е причината поради која играше пред Канесело“, објасни тренерот Нагелсман.
Се верува дека сепак на Канесло не му било сеедно што на последните два меча од Бундеслигата беше на клупата.