Жиру е класа: Експресно погоди по враќањето во Европа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Брест и Лил денеска освоија по еден бод на стартот од новата сезона во француското првенство одигрувајќи 3-3, а внимание во овој натпревар привлече искусниот голгетер Оливие Жиру.

Французинот кој летово по епизодата во МЛС лигата се врати во лигата го отвори резултатот по само 10 минути игра.

Жиру помина година ипол во американскиот фудбал, но одлучи на 38 години повторно да игра во Европа и покажа дека и понатаму има квалитет. Во својата кариера Жиру го носеше дресот уште на: Арсенал, Челси, Милан и Монпелје, додека за француската репрезентација на 137 натпревари постигна 57 погодоци.

Фото. LOSC/X