Влаховиќ не се откажува од парите, Милан си најде друг напаѓач

Екипата на Милан на сите начии се обидува да го засили нападот, а ново име на листата е Николас Џексон.

Според информациите на Матео Морето, Милан веќе го контактирал Челси и се распрашувал  за цената на напаѓачот. Челси е подготвен да преговара, но Џексон може да замине само во случај на вистинска понуда.

Милан се поврзуваше со Џексон и додека го носеше дресот на Виљареал, но тогаш не успеа да го доведе. Џексон во Челси пристигна за 37 милиони евра, но не може да се каже дека ја има довербата кај тренерот Енцо Мареска бидејќи тимот летово ги доведе Лијам Делап и Жоао Педро.

Џексон од доаѓањето во Челси одигра 80 натпревари, посигна 30 голови и подели 12 асистенции.

Како можно засилување за Милан се поврзуваше и Душан Влаховиќ, меѓутоа српскиот напаѓач треба да прифати пониска плата од 12 милиони евра колку што ќе има во последната година од договорот со Јувентус, но во овој момент изгледа дека не е расположен за такво нешто.

Фото: Chelsea FC/X