Вини Џонс: Го мразам ВАР, би го укинал веднаш!
Во кариерата Џонс го носеше дресот на: Вимблдон, Челси, Лидс, Шефилд и Квинс Парк Ренџерс и стекна епитет на еден од најгрубите фудбалери кои некогаш се појавиле.
„Го мразам ВАР, би го укинал веднаш. И онака нема многу голови во фудбалот, сакам да има повеќе. За мене не е офсајд ако си еден милиметар пред одбранбениот играч, тоа не менува ништо во играта“, изјави Џонс.
Зборуваше и за фудбалерите кои се обидуваат да глумат.
„Сите кои непотребно се валкаат на теренот би ги казнувал. Би им давал црвени картони, а не само опомени како денешните судии“, објасни легендата на британскиот фудбал.