Уругвај ја наполни мрежата на Боливија, Панама го совлада САД (ВИДЕО)

Уругвај со убедливи 5-0 ја совлада Боливија и на коло пред крајот се пласираше во четвртфиналето од Копа Америка, Панама ја совлада селекцијата на САД со 2-1.

Рано, уште во осмата минута Уругвај ја најави победата над Боливија, а резултатот го отвори Пелистри.

Само 13 минути подоцна Дарвин Нуњез постигна гол за зголемено водство на Уругвајците од 2-0.

Голеадата продолжи во 77. минута кога Максимилијано Араухо погоди за 3-0, а четири минути подоцна реализираше и Валверде за 4-0.

Конечните 5-0 ги постави Бентакур во 89. минута од натпреварот.

Понеизвесно и повозбудливо беше на дуелот меѓу САД и Панама. Американците најголемиот дел од мечот го играа со фудбалер помалку и тоа ги чинеше пораз.

Мекени постигна гол во петтата минута, но по долго ВАР прегледување му беше поништен поради офсајд. Залудна беше радоста на Американците.

Во 18. минута се случи клучниот момент на мечот, Веа заработи директен црвен картон, САД остана со играч помалку.

Но, и покрај тоа Балоган погоди во 22. минута за водство на САД од 1-0. Сепак играњето со фудбалер помалку се почувствува понатаму во мечот.

Во 26. минута Блекмен изедначи на 1-1. Со тој резултат се замина на одморот.

Американците се држеа до 83. минута кога Фаџардо даде гол за комплетен пресврт и водство на Панама од 2-1.

Во 88. минута играчот на Панама, Караскиља доби црвен картон. Но веќе беше доцна, САД не се спаси од пораз.