Шмајхел по драмата со ВАР: Фудбалот и здравиот разум веќе не одат заедно!

Данска загуби од Германија со 0-2 во осминафиналето на Европското првенство (ЕП), а мечот го одбележа ВАР-технологијата која донесе неколку важни одлуки кои не му се допаднаа на искусниот голман Каспер Шмајхел.

Чуварот на мрежата на Данска не беше задоволен затоа што судијата покажал на белата точка во второто полувреме.

„Чувствувам разочарување и гнев по мечот. Играм 23 години професионално и сè уште не ги знам правилата. Не знам колку е доверлива технологијата, но не ми е јасно што требаше да направи Андерсен со раката при пеналот за Германија. Фудбалот и здравиот разум веќе не одат заедно“, кажа Шмајхел.