Даку повторно го искоментира скандалозниот потег: Се срамам што го направив тоа!

Албанскиот фудбалер Мирлинд Даку и за руските медиуми го раскажа скандалозниот момент и уште еднаш се покаја што нарави таква глупост.

По мечот со Хрватска, Даку отиде кај навивачите на Албанија, го зема мегафонот и почна да пцуе по Македонците и Србија.

Ова негово националистичко скандирање му донесе суспензија од два натпревари, поради тоа не настапи во третото коло на ЕП.

„По мечот против Италија, мојот соиграч Хисај доби многу критики од навивачите и медиумите. По натпреварот со Хрватска сакав да му дадам поддршка и отидов со него до навивачката трибина со цел фановите да го прифатат и да го поддржат и да го споделат моментот на радост со него. Тогаш го земав мегафонот и ги кажав тие зборови. Навивачите често упатуваат навредливи скандирања кон навивачи од други земји и атмосферата ве обзема и вас, тоа влијае на сите на стадионот. Мечот имаше емотивна завршница, го дадовме голот во последната минута, емоциите беа големи. Но, тоа не е оправдување. Брзо потоа сфатив што направив, кажав несоодветни работи. Бев шокиран што дозволив да ме обземат емоциите и што дозволив да правам такви работи“, рече Даку за руските медиуми.