Бањаја издоминира на трката во Холандија

Актуелниот шампион во Мото ГП, Франческо Бањаја доминираше на денешната трка за Големата награда на Холандија и запиша уште една победа во кариерата.

Италијанецот доминираше на патеката и зад себе го остави Хорхе Мартин од Прамак, додека на подиумот се искачи и Енеа Бастианини од Дукати.

Во топ-10 имаше место и за Марк Маркез, Диџантонио, Вињалес, Биндер, Алекс Маркез, Фернандез и Морбидели.