Црвена Звезда го договори најдобриот асистент од Евролигата

Српскиот кошаркарски гигант Црвена Звезда договори двегодишна соработка со кошаркарот на Басконија и најдобар асистент во Евролигата, Коди Милер-Мекинтајер.

Мекинтајер треба да биде петтото засилување за „црвено-белите“ кои веќе ги ангажираа Урош Плавшиќ, Ајзеа Кенан, Никола Калиниќ и Мајкл Даум.

Американскиот кошаркар беше најдобар асистент во Евролигата во сезоната 2023/24, односно во просек постигнуваше по 7,3 асистенции по мечот.