Унион Берлин го победи Вердер и му се доближи на Баерн Минхен (ВИДЕО)

Унион Берлин го искористи киксот на Баерн Минхен, дојде до три гостински бода од кај Вердер Бремен и ја намали предноста на лидерот.

Вердер ја продолжи лошата форма, го забележа четвртиот пораз во серија. Домаќините добро го почнаа мечот, поведоа со гол на Пепер уште во 13. минута. 

Пет минути подоцна Харберер го изедначи резултатот, а на самиот почеток од второто полувреме Бехренс даде гол за комплетен пресврт и водство на Унион Берлин од 2-1 што беше и конечен резултат.

Со овој триумф Унион Берлин дојде на минус три бода во однос на Баерн Минхен кој во ова коло се спасуваше од пораз против Келн, мечот заврши 1-1.

Денеска во Бундеслигата, се одиграа уште неколку меча, Фрајбург и Ајнтрахт ги поделија бодовите играјќи 1-1, Баер Леверкузен со 2-0 го совлада Бохум, Аугсбург со минимални 1-0 беше подобар од Менхенгладбах. Порано во денот Борусија Дортмунд со 2-1 победи на гостувањето кај Мајнц.