Уапсен судија поради сексуален напад врз момче – треба(ше) да суди на Мундијалот!
Инцидентот се случил во хотел во кој престојувала судиската делегација пред еден од европските натпревари во текот на неделата. Според британските медиуми, станува збор за судија во триесеттите години, кој наводно непримерно допирал тинејџер во јавен дел од хотелот и се обидел да го намами во својата соба. Случајот бил пријавен во полиција од страна на жртвата или негов пријател, додека судијата бил на стадион каде ја извршувал својата функција. По враќањето во хотелот, полицијата го привела во лобито пред присутните членови на делегацијата.
Судијата во моментов е пуштен на слобода со кауција, но му се заканува екстрадиција во Велика Британија доколку биде подигнато официјално обвинение. Скандалот има сериозни последици и на меѓународно ниво, бидејќи судијата бил предвиден како дел од официјалните лица за претстојното Светско првенство. Реакциите беа експресни – ФИФА потврди дека тој нема да биде разгледуван за ниту едно натпреварување додека трае истрагата, додека УЕФА го суспендираше од сите европски натпревари до понатамошно известување.
Полицијата во Лондон потврди дека истрагата е во тек и дека случајот се третира со највисок степен на сериозност. Засега нема официјална потврда за идентитетот на судијата.
ФОТО: EPA PHOTO