Бруно Фернандеш на прагот на историјата – му фалат уште две асистенции
Сепак, натпреварот го одбележа Бруно Фернандеш кој е на чекор од ново поглавје во историјата на Премиер лигата. Капитенот на Јунајтед ја запиша својата 19. асистенција сезонава за голот на Шешко, со што се приближи до рекордот на англиското првенство. Фернандеш сега е само на две асистенции од надминување на рекордот од 20 асистенции за гол во една сезона, кој заеднички го држат Тиери Анри и Кевин Де Брујне.
Со вчерашниот меч, тој веќе го престигна Месут Озил, чиј најдобар резултат во една сезона беше 18 асистенции. Со четири натпревари до крајот на првенството, Фернандеш е на добар пат да постави нов рекорд во Премиер лигата.