Мбапе се спаси од тешка повреда, ама е неизвесен за Ел Класико
Французинот заработи повреда на левиот бутен мускул за време на натпреварот со Бетис, по што побара да биде заменет во последните минути од мечот. Вчера, тој ги помина прегледите, а тие покажаа дека, сепак, не се работи за нешто потешко.
Од Реал не прецизираа колку долго Мбапе ќе биде надвор од теренот. Според Марка, тој сигурно ќе го пропушти натпреварот против Еспањол следната недела, но уште е неизвесно дали ќе биде подготвен за Ел Класико на 10 мај.
Едно е јасно – постои загриженост за посериозна повреда што би можела да го одвои Мбапе од терените до крајот на сезоната, па дури и да го загрози неговото учество на Светското првенство. На тоа наведува историјата бидејќи сезонава веќе пропушти седум натпревари, а на уште неколку влегуваше како резерва во второто полувреме, сето тоа поради повреди.