Лукаку ќе замине од Наполи, има желба која тешко може да му се оствари!
Последните информации велат дека авантурата на Лукаку во Наполи е завршена и тој на лето ќе направи трансфер.
Негова желба е да се врати во градот Милано, но вратите за него во Интер се затворени по лошата разделба која ја имаше со нероазурите.
Тој е отворен за трансфер во Милан, но се верува дека росонерите разгледуваат други опции.
Најреално сценарио за Лукаку е да замине од Серија А.