Лигата на шампионите секогаш носи посебна атмосфера - големи натпревари, квалитетни играчи и дуели што долго се паметат. Сега, во полуфиналето, влогот е уште поголем, тензијата расте од минута во минута, а уживањето во вистинскиот европски фудбал станува уште посилно. Токму ваквите вечери најубаво се доживуваат во друштво.

Како спонзор на Лигата на шампионите, Heineken во соработка со барови низ целата земја организира посебни фан-зони за заедничко следење на натпреварите. Во овие локали фановите ќе имаат свое место за навивање, дружење и споделување на страста кон својот клуб. Покрај одличната атмосфера, ги очекуваат и Heineken подароци, изненадувања и специјални пивски моменти кога нивниот клуб ќе постигне гол.

Во рамки на полуфиналето, на 28 и 29 април, фановите ќе можат да навиваат на следните локации:

28 април

Фановите на Баерн Минхен ги очекуваме во Кул Виница, Даблин Штип, Барабар Струга, Општина Бар Битола, Јард Куманово, Русти Скопје, Гнездо (The Nest) Скопје, Ревија Нова Скопје, Кватро кафе Скопје, Брос Бар Прилеп и Барето Велес.

29 април

А фановите на Арсенал ги очекуваме во Беер Гарден Спортс Бар во Скопје.

Соберете ја екипата, одберете го вашиот бар и дојдете заедно да уживаме во натптеварите од Лигата на шампионите. Не двоумете се да запознаете нови фанови и да создадете нови моменти заедно - затоа што фановите секогаш имаат повеќе пријатели. И секако, не заборавајте ги пивата и навивајте со Heineken.