Шутерско шоу на Пелистер за прва победа по две ипол години во Аеродром (ФОТО)

Екипата на Пелистер го совлада МЗТ Скопје како гостин со 85-74 во последниот натпревар од четвртото коло на суперлигашкиот плејоф и ги реши сите дилеми околу првото место пред полуфиналето.

Битолчани ја потврдија одличната форма во плејофот во кој имаат „четири од четири“ и иако натпреварот немаше никакво резултатско значење за нив, одиграа максимално коректно и заслужено дојдоа до триумфот. Притоа, мора да се истакне нивниот фантастичен шут од дистанца, особено во првото полувреме во кое погодија девет тројки од 11 шута. Ова беше прва победа на Пелистер како гостин кај МЗТ Скопје по пауза од околу 2,5 години, односно по 20 јануари 2024 година кога беше 72-66.

 

МЗТ одлично го отвори мечот, водеше со 13-1 по нешто повеќе од три минути игра и се чинеше дека лесно ќе дојде до победата. Сепак, Пелистер брзо се прегрупира и почна да ја топи високата негатива, за по една минута во вториот период да поведе со 22-21. По неколкуминутна израмнета игра, гостите се одлепуија на 41-33, а пред крајот на првото полувреме водеа и со 11 разлика (46-35). 

И повторно МЗТ одлично почна во вториот дел, заедно со крајот од првиот, направи серија од 14-0 за водство од 49-46. Пелистер успеа некако да застане на нозе, го одби ударот и до крајот на третиот период повторно направи предност, сега од 61-54. По две минути игра во последната четвртина беше 69-56, а потоа МЗТ се спаси од дебакл затоа што на нешто повеќе од три минути пред крајот Пелистер водеше со 83-62.

Дејвис со 18 поени го предводеше Пелистер, а репрезентативецот Андреј Митревски додаде 17. Кај МЗТ, Смит беше најефикасен со 19 поени, додека Гил оствари дабл дабл со 12 поени и 10 скока.