Модриќ опериран – почнува трка со времето за настап на Мундијалот
Капитенот на Хрватска сега почнува трка со времето за настап на Светското првенство бидејќи докторите прогнозираат пауза меѓу шест и осум недели што се совпаѓа со стартот на Мундијалот.
Во контекст на националниот тим, настапот на Модриќ на пријателските натпревари против Белгија (2 јуни) и Словенија (7 јуни) се чини дека е невозможен, но добро за „коцкестите“ е тоа што првиот меч на Мундијалот го играат дури на 17 јуни (Мундијалот почнува на 11 јуни) со што поранешниот светски вицешампион ќе ќари малку време за рехабилитација на својот лидер.
„Разговарав со Лука, му посакав успешна операција и секако квалитетно и брзо закрепнување. Сигурен сум дека Лука ќе направи сè за да биде подготвен за Светското првенство, а ние ќе му дадеме максимална поддршка во тоа. Сигурен сум дека закрепнувањето ќе оди според планот и дека Лука, како капитен, ќе нè предводи на уште едно големо натпреварување ова лето“, рече селекторот на Хрватска, Златко Далиќ.
Модриќ има 41 година и на претстојното Светско првенство официјално ќе се прости од националниот тим за кој досега запиша 196 настапи.