Фановите и соиграчите се обидуваат да го предомислат Касемиро - уште една година!
Касемиро беше прогласен за играч на натпреварот на вчерашниот меч на Манчестер Јунајтед против Брентфорд.
Бразилецот пред неколку месеци кажа дека ќе замине по крајот на сезоната, а навивачите не сакаат тоа да се случи.
На вчерашниот меч тие пееја на трибините: „Уште една година, уште една година, Касемиро...“.
На кампањата за останување на Касемиро се приклучи и Матеуш Куња кој на Инстаграм објави слика и напишa: „Уште една година, Касемиро...“.

Големи пофалби за Касемиро стигнаа од Мегваер.
„Мислев дека јас сум добар во напаѓање натопките и игра со глава во шеснаесетникот... се додека не го запознав Касемиро. Тој е најдобриот кој сум го видел и со кој сум работел“, рече Мегваер.