Валенсија со еден збор опиша - Столе е нашиот свет! (ВИДЕО)
Нашиот чувар на мрежата беше можеби најзаслужен за последните три бода на „лилјаците“ на домашен терен против Џирона (2-1) со неколку феноменални одбрани, од кои едната беше буквално во последните моменти од мечот. Тој и претходно имаше ситуации во кои чудесно го спаси својот гол, поради што ги „примора“ луѓето од Валенсија да го истакнат преку социјалните мрежи
„Столе е нашиот свет“, напишаа од шпанскиот тим.
Валенсија по 33 кола е на 12. позиција на табелата во Ла Лига со 39 бода, но се уште без сигурен опстанок со оглед што има само четири бода повеќе од Мајорка, која е прва над линијата што носи испаѓање.