Сабаленка се препоти во Мадрид, но со пресврт покажа зошто е најдобра во светот!

Еден од највозбудливите дуели сезонава во женскиот тенисер ѝ припадна на Арија Сабаленка, кој по пресврт ја совлада Наоми Осака на турнирот во Мадрид (6-7, 6-3, 6-2) и се пласира во четврт-финалето.

Јапонката одигра врвен меч и имаше сет и брејк предност, но тука застана. Сабаленка остана мирна, постепено ги намали грешките и во завршницата целосно ја презеде контролата. Осака искористи само една брејк-топка, додека Белорусинката беше многу поконкретна – реализираше четири од 14 шанси. Мечот го заврши со 31 винери и 33 неизнудени грешки, додека Осака имаше 35 директни поени, но и 43 грешки.

„Неверојатно ниво, беше вистинска битка. Наоми оди кон топ 10 и ни е инспирација на сите – покажа дека и по бременост може да се игра врвен тенис“, изјави Сабаленка, која има импресивен скор 26-1 сезонава.

На прашањето што ја прави толку стабилна во клучни моменти, се пошегува:

„Нема да кажам, да не ми го одземат тоа. Се потпирам на борбениот дух“, додаде Белорусинката.

Таа во битката за полуфинале ќе ги одмери силите со Хејли Баптист.

ФОТО: EPA PHOTO