Девет дебитантки на списокот на Гавриловиќ за Европската лига (ФОТО)

Селекторот Милош Гавриловиќ го објави поширокиот список за одбојкарки на кои ќе смета за прозивката на 13 мај за учеството во Европската лига.

На списокот на Гавриловиќ се најдоа девет дебитантки и тоа: Сара и Даниела Горбок, Кариа Трифуновска, Јована Каленикова, Матеа Сотировска, Стефанија Кипријановска и Андреа Митиќ, како и Софија Тенчева и Сара Димитриоска.

Од поискусните ќе ги нема: Тамара Стојанова, Антонија Баталаковска, како и Ана Павлоска кои не можеа да одговорат од приватни причини или работни обврски.

Комплетните подготовки за Европската лига 2026 женската репрезентација ќе ги одработи во СЦ „Форца“ во Скопје, а во пресрет на првиот турнир ќе одигра пријателски двомеч со селекцијата на Косово, на 29 и 30 мај.

Македонските одбојкарки 6 јуни за противник ја имаат Унгарија, додека на 7 јуни играат со Португалија. Од таму продолжуваат за Шпанија, во Аликанте, каде домаќинот ги пречекува на 12 јуни, а ден подоцна се соочуваат со Азербејџан.

Годинешното издание го завршуваме на домашен терен кога во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 19 јуни ќе ги одмериме силите со Хрватска, додека на 21 јуни против Словенија ќе го комплетира учеството.