Струга рутински го доби Силекс и му побегна на десет бода (ВИДЕО)
Кратовчани во Струга настапија во изменет состав, а во таква ситуација домаќините доминираше на теренот и констатно имаше иницијатива. Резултатот беше отворен по 20-тина минути со голот на Маудо.
До пред паузата мрежата на гостите се затресе и уште еднаш, но голот на Компаоре беше поништен по реакција на ВАР.
Не се промени сликата премногу и во вториот дел во кој домаќините ја имаа иницијатива и напаѓаа, конечниот резултат го постави Малески во 57-тата минута од средбата.
Струга со овој триумф дојде предност од десет бода на третата позиција, додека Силекс останува четврти каде што е сигурен затоа што Тиквеш има дури 12 помалку на петтото место.