За злато на училишното СП ќе се борат и ракометарите!
Во полуфиналето Македонија немаше проблеми и убедливо ја совлада Србија со 29-19. Противникот во првото полувреме успеваше да се одржува во живот и на пауза избраниците на Горан Кузманоски заминаа со водство од 14-10.
Но, во вториот дел го засиливме темпото и целосно ја преземавме контролата, а противникот немаше сили да се врати во дуелот.
Во финалето, Македонија ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Израел и Хрватска. Битката за златото е закажана за утре од 16:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.