Перез отворил преговори, Аргентинец може да биде нов тренер на Реал!
Арбелоа ќе ја напушти клупата на крајот од сезоната, а „Ел Мундо“ пишува дека клубот бара ново, позвучно тренерско име.
Сезоната „кралевите“ ја завршуваат без освоен трофеј, што за стандардите на мадридскиот гигант е апсолутно неприфатливо. Посебен удар беше шокантната елиминација од Албасете во шпанскиот куп, додека во Лигата на шампионите беа немоќни против Баерн Минхен.
Со оглед на тоа што и Барселона без поголеми проблеми ја одбрани титулата во Ла Лига, промената на тренерската позиција во Мадрид станува неизбежна. Според „Радио Копе“, Скалони е прв избор, иако селекторската функција во аргентинската репрезентација му е единствено тренерско искуство.
Сепак, со него на клупата Аргентина го освои Светското првенство, а освен тоа и двапати триумфираше на Копа Америка. Исто така одлично го познава шпанскиот фудбал бидејќи голем дел од кариерата како фудбалер помина во оваа земја.
Наводно, преговорите со Перез веќе започнале, а првиот човек на Реал Мадрид е подготвен и да го чека во Мадрид да пристигне по завршувањето на Светското првенство ова лето.