Заврши сезоната за Модриќ, Хрватите ќе се молат да биде подготвен за СП

Лука Модриќ веќе нема да игра за Милан до крајот на сезоната откако во вчерашното дерби со Јувентус се здобил со двојна скршеница на јаболчницата, покажаа денешните прегледи.

Иако нема да може да му помогне на Милан во последните дуели од сезоната, сепак според информациите неговиот настап на Светското првенство не би требало да биде загрозен, пишуваат хрватските медиуми.

Модриќ повредата ја заработи во судир со глава со Локатели на десетина минути пред крајот на натпреварот. Тогаш Локатели помина без повреди, меѓутоа хрватскиот ветеран мораше да биде заменет.

Засега не е познато дали Модриќ ќе оди на операција или пак ќе се лекува со конзервативен метод.