Руд и Медведев продолжуваат да газат на турнирот во Мадрид!

Каспер Руд (12 носител) сигурно чекори кон одбрана на титулата на турнирот во Мадрид, откако без проблеми се пласираше во осминафиналето прегазуваји го Алехандро Давидович-Фокина (6-3, 6-1).

Норвежанецот доминираше и на сервис и на ретерн, реализираше пет од осум брејк-шанси, додека му помогна и Шпанецот со дури 26 неизнудени грешки. Неговиот следен предизвик е максмално сериозен. За место во четвртфинале ќе игра против Стефанос Циципас, кој исто така беше убедлив против Даниел Мерида Агилар (6-4, 6-2).

Во Топ 16 е и Данил Медведев, кој го елиминираше квалификантот Николај Будков Кјаер (6-3, 6-2). Имаше мал пад на стартот од вториот сет, но брзо се врати и рутински ја заврши работата. Меѓу најдобрите е и Франциско Церундоло, кој го совлада Лучиано Дардери (6-2, 6-3), кој место во четвртфинале ќе игра против победникот од дуелот меѓу Феликс Огер-Алиасиме и Александер Блок.