Гевгелија – местото каде кошарката носи љубов, среќа и магија (ФОТО)
Уште едно посебно дружење на момчињата и девојчињата од М12 генерациите во двете конкуренции, момчиња и девојчиња, од повеќе екипи кои испратија пријави за овој кошаркарски хепенинг на Југот од нашата земја.
Оваа недела, кошаркарскиот караван дојде и во салата на СРЦ „26.април“ во Гевгелија, на неколку специјално креирани терени, прилагодени за најмалите возрасни кошаркарски категории, продефилираа голме број на идни кошаркари и кошаркарки.

Имаа една прекрасна можност да се дружат, но во исто време и да ги проверат своите актуелни кошаркарски знаења со своите врсници од разни градови од Македонија кој беа дел од овој убав настан реализиран од страна на Кошаркарската федерација на Македонија.
Kошаркарскиот караван оди понатаму, кон Тетово.