Повредата на Јамал е сериозна – сигурно ќе ги пропушти првите средби на СП 2026!
Ситуацијата сега изгледа далеку покомплицирано. Јамал постигна гол од пенал против Селта, но веднаш потоа се сруши на тревникот и мораше да ја напушти играта. Подоцна беше потврдено дека станува збор за повреда на задната ложа на левата нога. Од Барселона веднаш соопштија дека 18-годишниот офанзивец ќе ги пропушти преостанатите шест кола во Ла Лига, а рехабилитацијата ќе се одвива без брзање.
Според каталонските медиуми, во клубот не сакаат да ризикуваат со прерано враќање, дури и ако тоа значи дека Јамал ќе ги пропушти првите два натпревари на Шпанија на претстојното Светско првенство. Станува збор за дуелите против Зеленторска Република и Саудиска Арабија, бидејќи медицинскиот тим стравува од можно обновување или влошување на повредата.
Проценките се дека закрепнувањето од ваков тип повреда трае од четири до шест недели, што значи дека Јамал евентуално би можел да биде подготвен дури за третото коло од групната фаза – против Уругвај, закажано за 27 јуни.