Најлуд поен во тенисот: Удираше „балони“ за да го искористи сонцето, ама не му успеа (ВИДЕО)
Норвежанецот, кој е поранешен број два на АТП-листата, целосно доминираше и на ривалот му препушти само четири гема, не оставајќи никаква дилема околу победникот. Сепак, мечот ќе остане запаметен по еден несекојдневен и комичен поен кој ретко се гледа на турнир од серијата 1000.
Во моментите кога Руд веќе имаше целосна контрола, Давидович Фокина се обиде да го наруши ритамот со необична тактика – наместо силни удари, почна да испраќа високи и бавни топки, т.н. „балони“. Руд не наседна, туку ја прифати играта, па следуваа неколку разигрувања кои повеќе наликуваа на рекреативен тенис отколку на врвно ниво.
„Фарсата“ заврши кога норвешкиот тенисер го забрза темпото и го натера Шпанецот на неизнудена грешка, на што публиката реагираше со насмевки и неверување. Овој момент само ја потврди психолошката доминација на подобро рангираниот. Со рутинската победа, Руд закажа дерби во следната рунда против уште еден специјалист за земјена подлога, Стефанос Циципас.