Тевез се прости од Марадона во стилот на Меси - со ретро дрес (ВИДЕО)

Лионел Меси изминатиот викенд кога постигна гол за Барселона го прослави со ретро-дрес од Њуелс олд бојс. Тим во кој Меси ја почна својата фудбалска кариера, а Марадона играше за овој клуб кратко пред крајот на својата кариера. 

Во ист стил Карлос Тевез му оддаде почит на легендарниот фудбалер. Тој погоди за Бока Јуниорс на гостувањето кај Интернасионал во Копа Либертадорес и го прослави со ретро дрес на Марадона од 1981 година. Легендата играше за овој тим една сезона пред да се пресели во Барселона, а потоа уште еднаш се врати во клубот од „Ла Бонбонера“ при крајот на својата кариера.