Блескава кариера е пред него: Алкараз е подобар од Федерер, Надал и Ѓоковиќ

Освен тоа што на 21-годишна возраст веќе има четири Гренд слем титули, Карлос Алкараз од вчера е подобар од сите членови на „големата тројка“ кои две децении доминираа во светскиот тенис.

Шпанецот триумфираше на АТП турнирот во Ротердам со што го освои 17. трофеј во својата кариера, но во исто време стана најмлад во историјата кој освои барем по една титула на сите подлоги: земја, трева, бетон на отворено и бетон во сала. Алкараз тоа го направи со 21 година и 9 месеци, соборувајќи го рекордот на Роџер Федерер кој беше еден месец повозрасен кога ги комплетира сите подлоги.

Интересно е тоа што Новак Ѓоковиќ дури на 24 година и еден месец дојде до овој подвиг, а сепак потоа направи можеби најдобра кариера од сите ривали.