Ѓоковиќ се враќа на теренот и ќе го „лови“ трофејот во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се рехабилитира по повредата со која се здоби на Австралијан опен и најави дека наскоро се враќа на теренот.

Ѓоковиќ го предаде полуфиналето против Александер Зверев поради сериозната повреда, која очигледно е минато и Србинот ќе настапи на турнирот во Доха, кој е на распоредот од 17 до 22 февруари.

„Повредата е санирана, подготвен сум за нови предизвици. Во изминатиот период имав повеќе повреди, тоа најверојатно доаѓа со годините, но телото и понатаму ме слуша, а во мене има желба за нови успеси“, кажа Ѓоковиќ.