Бијатлонецот Гиноски имаше солиден настап во Грузија

Македонскиот бијатлонец Петар Гиноски учествуваше заедно со 64 противници и оствари солиден резултат, односно заврши на 46. место на зимскиот младински фестивал во Бакуриани, Грузија.

Гиноски во првиот круг испука „пет од пет“, во вториот стрелаше „четири од пет“, а во третиот круг погоди „четири од пет“, но во последниот круг беше пресуден за да заврши на 46. позиција.

Бијатлонецот го има следниот настап в петок од 10 часот по грузиско време, па ќе се обиде да го даде својот максимум и да оствари подобар резултат.