
Бизарна сцена во Зеница: Селекторот на Австрија на клупа пристигна со - велосипед (ВИДЕО)
За разлика од сите тренери и фудбалери кои се движат „пешки“, Ралф Рангник до клупата на својата репрезентација пристигна со велосипед преку целиот терен. Гледачите на трибините не можеа да веруваат што гледаат, па некои тоа го испратија со громогласно смеење, а некои со свирежи.
Сепак, нешто подоцна стигна објаснување. Поради повреда на ногата, Рангник не можел да го изоди целиот терен, па полесно му било тоа да го направи со велосипед.