Првпат по 16 години, Грција е во полуфинале на Европското првенство

Селекцијата на Грција ќе ѝ биде ривал на Турција во првото полуфинале на Европското првенство.

Грците вечерва без поголеми проблеми ја победија Литванија со 87-76 и првпат по 2009 година се меѓу четирите најдобри на континентот. Ова е и најголем успех на репрезентацијата во „ерата на Адетокунбо“ по што ќе се бори за својот петти медал во историјата.

Доминираа Грците во најголемиот дел од мечот, водеше повеќе од половина час, а Литванија даде отпор само во првото полувреме. Отвори со 7-0 што беше и најголема предност за балтичката селекција, но предност брзо беше анулирана и на средина од вториот период Грција имаше двоцифрена разлика во своја корист (35-24).

Селекцијата на Литванија не се предаде, намали на еден поен пред крајот на првото полувреме, но Грција на почетокот од третиот период повторно се оддалечи и речиси цела последна четвртина имаше двоцифрена предност.

Најдобар во грчката репрезентација повторно беше Јанис Адетокунбо кој постигна 29 поени и 6 скока, Толиопулос додаде 17, а Слукас 11 поени. На спротивната страна Валанчиунас одигра монструозен натпревар, реализира 24 поени и 15 скока, но немаше соодветна помош од соиграчите.