
Шенѓун со трипл-дабл ја уништи Полска, Турција е првиот полуфиналист
Полска рамноправен противник на расположената селекција на Турција беше само во првиот период во кој и неколку пати имаа водство кое најмногу изнесуваше четири поени (11-15). На крајот по првата четвртна на семафорот резултатот беше изедначен (19-19).
Со почетокот на вториот период започна и подобрата игра избраниците на Атаман кои набрзо и за првпат дојдоа до двофирена предност (39-29). Ова беше и периодот во кој се одлучи натпреварот, а Турција на одмор замина со 46-32.
По враќањето на паркетот водството на Турција одеше најмногу до 22 поени разлика (65-43). Полска во последните пет минути од натпреварот успеа да дојде до„минус осум“, но повеќе од тоа не можеше Османи со две тројки повторно го врати сигурното водство на својата селекција.
Алперен Шенѓун беше најефикасниот кај Турција со 19 поени, но додаде уште 12 скока и 10 асистенции. Зад него следеа Ларкин и Хазер кои постигнаа по 13 а двоцифрени со по десет поени беа: Чеди Осман, Фуркан Коркмаз и Еркан Османи. Кај Полска по 19 постигнаа Лојд и Понитка, додека Соколовски и Дзиева средбата ја завршија со по 11.
Во полуфиналето Турција ќе го чека подобриот од вечерашниот дуел помеѓу Литванија и Грција.
Фото: FIBA