Флик: Има пет добри екипи во Ла Лига, а Барселона е една од нив!

Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона во моментов се најсериозни кандидати за титулата во Ла Лига, а тренерот на каталонскиот гигант, Ханси Флик даде негов коментар за досегашниот тек од сезоната.

Флик кажа дека во лигата постојат пет добри екипи, но не ги посочи нивните имиња, иако дефинитивно мислеше на ривалите од Мадрид.

„Има пет добри екипи во Ла Лига, а Барселона е една од нив“, кажа тренерот на каталонскиот тим.

Реал во моментов е лидер со 50 бодови, по што следи Атлетико со 49, додека Барселона има 48 поени.