Анчелоти ќе ги пакува куферите: Перез ја избра неговата замена!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид на крајот на сезоната ќе се раздели со Карло Анчелоти, иако Италијанецот има договор до јуни 2026 година.

Новинарот Рамон Алварез објави дека Анчелоти знае дека ги брои последните месеци на кормилото на „кралевите“, а негова замена ќе биде Чаби Алонсо.

„Планот на Реал е сосема јасен. Сакаат да потпишат со Алонсо како замена за Анчелоти од следната сезона“, објави новинарот.

Алонсо минатата сезона со Баер Леверкузен ја освои титулата во Бундеслигата.