![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/10/248148-kraj-na-dinastijata-na-kanzas-siti-filadelfija-e-nov-nfl-shampion.jpg?itok=Vx6IwD2r)
Крај на династијата на Канзас Сити: Филаделфија е нов НФЛ шампион (ВИДЕО)
Натпреварот помина во тотална доминација на победничкиот тим. На полувреме беше 24-0, а Чифс, кои имаа шанса да стигнат до третата титула по ред, за 30 минути освоија само 23 јарди и едвај еден прв даун. Затоа, Филаделфија освои 179 јарди, имаше три „сека“ и два „интерсепшна“ и направи предност која до крајот противникот не успеа да ј достигне.
Во вториот дел Канзас Сити малку ја поправи сликата иако почна да игра дури откако Филаделфија поведе со 34-0. Потоа дојде првиот тачдаун на оваа екипа, но веднаш стигна и одговорот на спротивната страна иако само со погоден филдгол. Ако и постоеше некоја дилема, ја снема кога Патрик Махомс ја загуби топката и веќе почна детронизацијата на тимот кој беше НФЛ шампион во три од претходните пет сезони, а синоќешниот Супербоул беше петти во последните шест години.
За МВП на финалето беше прогласен Џејлен Хартс од Филаделфија Иглс кој освои 221 јард со фрлање, 72 со трчање, имаше два тачдауна и асистираше за уште еден. Ова беше вкупно шампионска титула за Филаделфија Иглс по 1948, 1949, 1960 и 2017 година.