Додека ја чека пресудата за тепачката братот на Јокиќ доби забрана за алкохол

Страхиња Јокиќ, постариот брат на Никола Јокиќ наскоро ќе ја дознае казната за инцидентот кој го направи во текот на плеј-оф натпреварот против Лос Анџелес Лејкерс во април минатата година кога удри еден навивач.

Братот на кошаркарот на Денвер е обвинет за напад од трет степен. Овој прекршок се смета за прекршок од класа 1 за кој е предвидена затворска казна од 18 месеци или парична казна до 1.000 долари.

На тепачката и претходеше расправа, а удрениот навивач првично не сакаше да оди на суд, но подоцна сепак се одлучи да го тужи братот на Јокиќ.

По неколку сослушувања судијата Џејмс Зобел одлучи конечната пресуда да биде донесена на 18-ти април, а до тогаш Страхиња Јокиќ доби низа забрани.

„Нема да ги вознемирувате, малтретирате, заплашувате, одмаздувате или манипулирате со сведоци или надводната жртва за делото за кое сте обвинети дека сте го направиле. Морате да се држите подалеку од домот на наводната жртва и од било кое друго место на кое наводната жртва може да се наоѓа. Ќе се воздржите од директно или индиректно комуницирање со наводната жртва или сведоците“, соопшти судијата.

Исто така Страхиња Јокиќ помеѓу другото забрането му е и да конзумира алкохол.

„Не смеете да поседувате, купувате или користите огнено или друго оружје. Не смеете ниту да конзумирате алкохолни пијалоци или психоактивни супстанци. Наредено е да мора да одржувате дистанца од најмалку 100 јарди (91 метар) од наводната жртва во секој момент“, заклучи судијата.