Одлични вести за Гвардиола пред натпреварот со Реал Мадрид

Maнчестер сити го чека натпреварот против Реал Мадрид во плеј-офот од Лигата на шампионите, а Пеп Гвардиола за овој двомеч ќе може да смета на речиси сите свои фудбалери.

Во натпреварот против Лејтон Ориент заменет беше Нико Гонзалес, но добра вест за Пеп е што новајлијата не заработил посериозна повреда и ќе биде на располагање за натпреварот против „кралевите“.

Исто така на тренинзите се вратиле Нејтан Аке и Жереми Доку кои беа надвор од терените во последните три недели, сепак не се очекува Гвардиола да ризикува со нив од првата минута.

Целосно од повреда се опоравил и Рубен Дијаш кој се појави на денешната прес-конференција со Пеп и најверојатно ќе биде од првата минуата на теренот.

Ако на ова додадеме и дека Манчестер сити ги регистрираше: Омар Мармуш, Абдукодир Хусанов и Нико Гонзалес, тогаш е јасно дека Гвардиола во продолжение од сезоната ќе има исклучително силен тим на располагање.