![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/10/248154-hajduk-za-rodendenot-na-chelo-na-tabelata-posleden-pat-bilo-taka-pred-20-godini.jpg?itok=gwB6-3UG)
Хајдук за роденденот на чело на табелата - последен пат било така пред 20 години
Тоа се случи на четири дена пред 114. роденден на клубот што значи дека на големиот ден Хајдук ќе биде лидер на табелата. Интересно е тоа што такво нешто последен пат се случило во 2005 година, кога сплитскиот тим ја освои својата последна титула во домашното првенство. Затоа и оптимизмот кај навивачите сега е на исклучително високо ниво и сите се во очекување на крај на дводеценискиот пост.
Хајдук и по таа 2005 година знаел да избие на првото место во доцната фаза од првенството, но не се задржувал таму до крајот. Најпознат е случајот од 2009 кога „билите“ беа први во март, но во фотофинишот Динамо го престигна и ја освои титулата.