
Светското клупско првенство почна без голови, голманот на Интер Мајами правеше чуда! (ВИДЕО)
Највиновен за тоа е голманот на Интер Мајами, Устари кој имаше неколку фантастични одбрани, фати и пенал, на крајот беше прогласен за играч на натпреварот.
Ал Ахли беше поконкретен, особено во првото полувреме кога имаше повеќе шанси за гол. Еднаш се израдува на погодок, но им беше поништен поради офсајд.
Во финишот од првиот дел беше досуден пенал за нив, но Устари го одбрани шутот на Трезеге.
Меси и Суарез го одиграа целиот натпревар, но не успеаа да донесат триумф за Интер Мајами.