Судија во Бразил го примени новото правило, голманот не знаеше што се случува (ВИДЕО)

Mинатиот месец беше објавено дека во фудбалот се воведува ново правило според кое судиите треба секогаш да реагираат кога голманите предолго ја држат топката во раце.

Според новите правила голманите се ограничени на осум секунди и ако се надмине тоа време судијата треба да досуди корнер место индиректен слободен удар како што беше случај претходно со дозволеното време од шест секунди.

Сепак, ретко кога судиите и го применуваа ова во пракса, но сега ФИФА го зголеми времето и индиректниот удар го замени со корнер со што ваквите ситуации секогаш ќе треба да се санкционираат.

Како сето тоа изгледа во пракса видовме во Бразил во натпреварот помеѓу Пајсанда и Атлетико Параненсе. Во судиското продолжение голманот на Атлетико при водство од 2-1 ја држеше топката дури 13 секунди, па судијата одлучи да реагира и досуди корнер за противницте.

Во прв момент на голманот не му беше јасно што се случува, но набрзо мораше да ја предаде топката.