Страшна трагедија: Автобус со младински тим во Бразил излетал од мост – има четири жртви!

Голема трагедија се случила во Бразил откако три талентирани фудбалери од младинската школа на клубот Еспорте клуб Вила Марија Хелена и еден тренер загинале, а 29 други се повредени откако автобусот со кој се возеле излетал од мост и се превртел во реката.

Според бразилски „О'Глобо“ во автобусот имало 28 фудбалери од младонско-пионерската школа на клубот на возраст од 14 до 17 години, четворица тренери и возачот на автобусот. Првичните информации од полицијата се дека возачот изгубил контрола над автобусот и излетал од мостот, па паднал во реката.

На лице место починале четворица патници од кои три деца, а 29-те други се префрлени во болница, од кои 24-ца кои биле префрлени на клиниката Сао Салвадор, двајца се во многу критична состојба. Поголемиот дел веќе почнале да ги пуштаат на домашно лекување, зашто немале потешки повреди. Останатите пет од автобусот биле префрлени во друга клиника Каса де Каридаде.