Со пари сè може: Како Катар во пустински услови направи терените за СП да се – идеални?

Зимава богатиот Катар e биде домаќин на најголемиот фудбалски настан, Светското првенство за кое милијарди потроши земјата домаќин за да изгради инфраструктура од стадиони до комплетно метро, но многумина се прашуваат како успеваат да одржат терени во такви пеколни услови кои се идеални за фудбал?

Земја која нема крај на трошењето милиони севкупно одржува 144 терени, осум на старионите каде ќе се играат мечевите и уште 138 терени за тренинг и како „бекап“ за главните ако недај бое дојде до некое оштетување. Во пустински услови тоа би било невозможно, ама со многу пари и најнапредна технологија - сè може!

Државата во заливот која е џиновски извозник на нафта и гас, во есен и зима температурите знаат да достигнат и до 40 степени, но со еден „трик“ на најголемите стручњаци успеале да создадат услови за да се одржуваат терени и подлогата за игра да биде од највисока можна категорија. Подобра од половина Европа, каде се игра врвниот фудбал.

Како е тоа возможно?

Сите терени освен што редовно се косат и се надовнуваат, имаат посебен дел за ладење за да се одржи свежината на теренот, па низ посебна технологија, ладен воздух им се пушта на сите 144 терени за да се одржи и негува тревата среде пустина и бетон во Катар.

„Многу голем предизвик беше да се направи сето ова, поради климатските услови и времето, но со критериумот кој го поставивме ни наметна еден предизвик да биде сè на највисоко ниво, со со најнапредна технологија успеавме“, вели Хаитам Ал Шареф, судански градежен инженер кој работи на терените во Катар од 2007 година.

Катар заодржување на терените годишно увезува 140 тони семе за трева од САД, на климатски контролирани карго-авиони, а секоја тревната парцела се наводнува со дестилирана морска вода во енергетски интензивен процес. А, за секоја тревната површина потребни се 10.000 литри дестилирана вода на дневно ниво во зима, а дури 50.000 литри дневно во лето. Бидејќи сè ова се одржува веќе подолг период, може само да замислите колку вода од заливот се испумпува за потребите на терените и колку сето тоа чини.

Плус, на фарма северно од Доха има резерва на трева на површина од 425.000 квадратни метри или за 40 игралишта, а од неа за осум часа може да се изнесе дел и да се намонтира на стадион ако претходниот тревнат терен е уништен.

Катар не открива колку точно сè ова ги чини, а мнгому експерти проценуваат дека само овој дел со тревата е околу една милијарда евра, зашто под секој терен има и подземен дел кој ја всусува вишокот на влага, а еден куп инвестиции има во хемикалии против болести и разни штеточини за тревата да биде – англиска!